Францускиот тенисер Гаел Монфилс го направи потегот на кариерата на мечот против Томи Хас во четвртфиналето на АТП турнирот во Хале.
Кон крајот на вториот сет, топчето на Хас го пропушти низ нозе, а потоа се обиде да го „забие“ со удар кој е најсличен на фудбалските ножички.
Монфилс не успеа да го добие поенот, но беше награден со громогласен аплауз од публиката.