Помешани импресии од задоволство по трите победи и остварената цел уште на 3-4 дена до крајот на групната фаза и силни мотиви пред мечот со европскиот великан, Хрватска ги краси нашите момци во текот на денешниот слободен ден. На брифингот на кој немаше слободно место од македонски и хрватски новинари, Филип Миркуловски го најави утрешното балканско дерби. Второ за нас по она со Босна, кое добро го минавме:
„Не калкулираме со нашето место во групната фаза. Најважно беше да се квалификуваме за осминафинале, а потоа меч по меч. Првпат оваа генерација се сретнува со Хрватска. Тие секогаш се меѓу првите четири во светот. Ако ги прецениме ќе биде проблем. Тоа го направивме со Франција и затоа загубивме. Треба машки да влеземе во дуелот, иако тие се поквалитетни, но треба да се бориме. Би требало да си ја играме нашата игра, исто како на претходните натпревари, па може да ни се отвори како со Тунис, па да победиме. Одбраната е на високо ниво. Многумина ја преферираат играта на Хрватска, но ние ќе се натпреваруваме со надеж дека можеме да се бориме”, истакна на средбата со новинарите Филип Миркуловски.
Тој игра како препороден во дресот на националната репрезентација и веројатно до овој момент зад себе го остава најдобриот турнир во црвено-жолтиот дрес.