Конор Мекгрегор се соочува со сериозни проблеми. Против борецот е покренато обвинение за напад на постар човек.
Инцидентот се случил пред околу два месеци, а видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи и предизвикаа вистинска бура од реакции.
Сега Мекгрегор ќе треба да се појави на суд на 11 октомври, а во најлош случај може да помине во затвор 6 месеци и да плати казна од 1.500 евра, што е максимална можна казна за вакво дело.
Conor McGregor throws a punch at an old man for seemingly not wanting to drink whiskey with him. pic.twitter.com/29R3vUP7rb
— Jamie Gos ? (@JamieGos) August 15, 2019
На видеото се гледа како Мекгрегор се обидува да го натера лицето кое седи до него да пие виски од неговиот бренд. Мажот одбива и веднаш добива дар во лицето, а луѓето во локалот се видно шокирани од тоа што се случи.
Конор се обидел да ја среди ситуацијата со извинување, но тешко дека ќе помине само со тоа.
– Навистина не е важно што се случило. Едноставно згрешив, изјави пред одреден период борецот.
Сепак, ова не е прв хулигански чин од страна на Ирецот, кој повеќе неколку пати бил вмешан во скандали. Па така овој пат можеби и нема да се спаси од неколку месеци зад решетки.