По бројот на примени и голови на првата средба со Тунис јасно е дека нашата одбрана го положи тестот, а со 31 примен гол против Иран не беше на висината на задачата. Но дефанзивниот столб Велко Марковски смета дека не само што се победија првите два натпревари, туку се заштеди многу енергија:
„На првиот меч одбраната како и целиот тим функционираа одлично. Вчера беше нешто полошо, но најважно е што победивме и другото се заборава. Мислам дека на првиот натпревар повеќе се потрошивме одколку на овој вториот против Иран. Што се однесува до противникот кој ни следува, без разлика за непредвидливоста на Босна и Херцеговина јас сум оптимист и верувам дека ќе победиме“, рече столбот на одбраната Велко Марковски, за за веб страната Кирил Лазаров 7.
Тој и Ацо Јоноски пак собраа многу комплименти за играта во одбрана на мечевите со Тунис и Иран.