Македонските фудбалски репрезентативци направија историски подвиг со триумфот над Италија во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар.
Очекувано еуфоријата од крајот на натпреварот и прославата на теренот продолжи и во соблекувалната каде нашите репрезентативци прдолжија да се радуваат на големиот триумф.
Дуелот кој носи на мундијалот во Катар, против Португалија, македонската репрезентација ќе го одигра во вторник.