Талентираната американска тенисерка, Коко Гоф е новата кралица на Њујорк или поточно новата шампионка на Ју-Ес Опен.
Гоф дојде до најголемиот успех во кариерата, првата грен слем титула и тоа на домашна тло, откако во големото финале ја надигра Арина Сабаленка.
Still thinking about this match!
Can't take our eyes off these highlights 🤩 @Chubb | #USOpen pic.twitter.com/bPkIL6ynNy
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
Два часа траеше битката на теренот „Артур Еш“, пресметка во која имаше многу надигрување, борба за секоја топка и пресврт на Кок за огромна нејзина радост, но и на многубројните навивачи на трибините.
Сабаленка важеше за благ фаворит на хартија и како таков имаше фантастичен прв сет кој го реши со 6-2. Меѓутоа домашната претставничка се врати во вториот сет со 6-3 за да во решавачкиот слави со 6-2.
Со овој триумф Коко ќе дојде до третото место на ВТА листата, додека пак Сабаленка од понеделник ќе ја има позицијата број еден.