ВИДЕО: Клоп „полуде“ и му се „пушти“ на навивачот кој упадна на терен

Од:

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше многу изнервиран од однесувањето на еден навивач на „црвените“.

Имено, при прославата на седмиот гол во победата над Манчестер Јунајтед, еден од домашните навивачи истрча на теренот да го прослави голот со своите миленици.

Тој ја прескокна оградата, истрча до играчот, но во таа прилика очигледно го собори Енди Робертсон, кој остана на тревата со болна гримаса.

Реагираше лекарскиот тим, но и обезбедувањето кое го извади навивачот од теренот.

Тие поминаа покрај Клоп, кој беше многу лут и имаше секакви работи да му каже на младиот навивач на Ливерпул, кој го повреди Робертсон.

Левиот бек на Ливерпул набрзо стана и се чини дека не е тешко повреден.

Инаку, ова е еден од најубедливите порази на „црвените ѓаволи“ во историјата на клубот.

Би можело да ве интересира

Мохамед Салах е избран за играч на месецот во Премиер лигата за февруари

Манчестер Јунајтед и Арсенал ремизираа на Олд Трафорд во Премиер лигата

Рубен Аморим зажале што седна на клупата на Манчестер Јунајтед?

А1он

Ливерпул со прва победа кај Сити по 10 години

А1он

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он