(ВИДЕО) Казахстанец ја шокираше тениската јавност: Скрши три рекети за 20 секунди

Од:

Казахстанскиот тенисер Александар Бублик стана икона на нестабилно однесување на теренот, а сега не се ни обидува да направи ништо за да си го подобри имиџот. Неговиот нов испад беше виден во Монпелје каде направи сцена на мечот против домашниот играч, Грегоар Бареро.

Бублик тотално незадоволен од резултатот и од својата игра прво го скрши рекетот што го држеше во рака, а потоа дојде до својата клупа и искрши уште два по ред. Сето ова публиката со неверување го следеше, а Казахстанецот подоцна беше поразен по голем пресврт за два и пол часа игра.

Без сомнение, Бублик е играч кој привлекува прилично големо внимание со сè што прави, од потези на теренот и тајни сервиси, до расправии со судиите, но и она што се случува надвор од тенисот.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест