(ВИДЕО) Калман: Со толку малку голови, не се победува

Од:

Шведска мечот од осминафиналето го загуби уште кога дозна дека повредата на Ким Андерсон не е наивна и дека нема да може да настапи до крајот на мундијалот во Катар. Се обидоа да ја скријат дијагнозата и повредата на рамото и го пријавија за мечот со Полска, но извесно беше дена ракометарот на Колдинг не може да настапи. Разочарување можеше да се прочита од ликот на младиот Виктор Остлунд, кој на својот прв мундијал одигра повеќе од задоволително:

„Мислам дека не бевме флуидни. Дадовме мал број на голови, така не се победува против физички моќна Полска. Ни недостигаше Ким, иако се навикнавме добро да играме и без него. Денес Полска беше подобар противник и не сопре на само 20 гола, а со таков учинок не се може во четвртфинале„ истакна Остлунд.

Ветеранот Јонас Калман зад себе остави шест мечеви, во кои потврди дека сеуште е оној фантастичен ракометар од Сиудад Реал и Атлетико Мадрид:

„Тешко е без Ким, но тоа не е алиби. Денес немавме идеа во офанзивата, потфрливме. И постигнавме малку голови и примивме многу голови кои можеше да се избегнат. За жал противникот тоа знаеше да го казни„ заклучи ракометарот на ПИК Сегедин во Унгарија, Јонас Калман. Шведска со три победи, два порази и едно реми остана во просечноста на ова светско првенство, со што четирикратниот светски првак остана без зацртаната цел, која беше пласман во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ