(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Од:

Еден фудбалски натпревар во Боливија е продолжен за цели 42 минути!

За време на Светското првенство во Катар имаше многу полемики поради големото надополнување на времето кое го покажуваа судиите. Сето тоа беше надминато со еден натпревар во Боливија, кој беше продолжен за цели 42 минути! На натпреварот помеѓу Палмафлор и Блуминга, победничкиот гол на домашната екипа беше постигнат во 128. минута од натпреварот на терен кој повеќе личеше на ватерполо во базен отколку на фудбал.

Навистина е неверојатно во какви услови се одигра овој натпревар. Поради врнежи и дожд, теренот беше натопен со вода, додека играчите во одредени моменти беа спремни за тепачки и бокс мечеви, често се користеше ВАР, забележани се два пенали, па дури и три црвени картони. Чудно е како заврши сето ова.

Најпрво во 19. минута судијата Гутиерез досуди пенал за домашната екипа Палмафлор откако го погледна видеото од ВАР. Канете беше прецизен. Потоа во 82. повторно го погледна видеото и покажа на „белата точка“ и Алварез погоди за 2:0, а во 86 минута Родригез погоди за 2:1. Тоа беше само почеток на хаосот. Поради невремето, честите прекини, гледањето видеа, судијата му сигнализираше на четвртиот судија да покаже дури 42 минути судиско продолжение!

Потоа во 114. минута Синистера израмни, а пред неговиот гол Меначо доби црвен картон, а по тој гол во 118. минута најпрвин му даде жолт на Бечери, па повторно го погледна видеото и ја смени одлуката и му даде директно црвен поради остриот лизгачки старт по навистина ужасниот терен. Потоа, во 121. минута некој од клупата на Палмафлора доби црвен картон поради бурните протести, а во 128. минута Канета Понво повторно ја стави топката во мрежата за славје на својот тим.

После сето тоа Блуминг се огласи на социјалните мрежи.

„Заврши третото полувреме. Срамните судии повторно беа во главна улога во играта. Поради нив играчите беа изложени на повреди, имаше невидено продолжување на натпреварот, а нашите играчи се оштетени и покрај тоа што заслужија повеќе. Ќе преземеме законски активности против овие судии, не сакаме тие никогаш повторно да го судат боливискиот фудбал“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ