Следните Олимписки игри треба да одржат во 2016. година во Рио де Жанеиро. На јавноста за првпат и е откриено како ќе изгледа Олимпискиот парк во еден од најпопуларните туристички дестинации во Бразил.
Дизајнот на фантастичниот комплек го открија британските архитекти, вклучени во проектот и одговорни за изградбата на истиот објект за Олимписките игри во Лондон.
Во овој парк, кој беше изграден на местото каде што се одржа трката за бразилскиот Ф1 ГП, ќе се одржат натпреварите во 15 спортови од Олимписките игри – вклучувајќи ги и пливање и хокеј – и 11-тите Параолимписки игри.
Бил Хенвеј, еден од архитектите, кој е ангажиран на проект „Олимпискиот парк“ во Рио, рече дека неговиот тим се обидува што подобро да ги истакне „убавината и духот на ова место“.
Отворањето и затворањето на Игрите – како и натпреварите во атлетика – ќе се одржат во познатиот „Маракана“, „помладен“ и „обновен“.
Рио планира да потроши 9 милијарди фунти за престојните Игри, исто како и Лондон. Бразилскиот град исто така ќе биде домаќин и на натпреварите од Светското фудбалско првенство во 2014 година.