(ВИДЕО) Каденас: Не е реванш, но ова со Данска е ривалство, деталите беа на наша страна

Од:

Еуфорија, голема радост и солзи радосници пуштија шпанските ракометари, откако ја исфрлија Данска на патот до медал на светското првенство и себе си си обезбедија дуел со Франција, кој според критиката ќе биде финале пред финалето. Тренерот на Висла Плок и шпански селектор од минатата пролет, Маноло Каденас беше реален и истакна дека само деталите беа на страната на неговата репрезентација и дека и среќата играше пресудна улога:

„Не е реванш за минатата година бидејќи во овој момент не размислувате за тоа, но секако дека е големо ривалство, бидејќи тоа се две репрезентации со огромен квалитет, кои стигнуваат во завршницата на секое големо натпреварување. Го издојувам нашето витештво и деталите кои одлучуваа. Тие овој пат беа на наша страна. Секако дека најважниот детал е последниот гол на Канељас“, рече пресреќен по мечот селекторот на актуелниот светски првак, Маноло Каденас.

Шпанија сонува одбрана на титулата, што одамна не се случило во светот на машкиот ракомет, па ако слават на уште два натпревари, шпанците можат да бидат втора селекција во новиот милениум, која успеала да пати по ред да станат светски прваци. Претходно тоа им успеа на Франција на шампионатите во Хрватска 2009 и Шведска 2011 година.

Извор: Лазаров Кирил 7

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ