Селекторот на австриската репрезентација, исланѓанецот Патрекур Јоханесон се обиде максимално да ги „издрибла“ сите прашања поврзани со македонската репрезентација. Секако дека однапред знае со кого ќе игра во петтото коло наредниот петок, но приоритет му дава на мечот со Иран в среда. Така и треба да биде зошто на светско првенство нема слаби противници и однапред впишани бодови:
„Сега одмор, па Иран. Дури потоа Македонија. Можам да ви кажам дека ја познавам и ценам вашата репрезентација. Имате многу мудра и интелегентна група на ракометари. Играте со глава и за тоа треба да ви се честита. Но и ние не сме многу далеку. Минатата година загубувме само еден гол разлика во Данска. Лазаров? Нема да ви кажам како ќе го чуваме. Имаме идеа, но тоа нека остане тајна„ рече Јоханесон, кој Австрија ја однесе на две европски првенства, а сега на првиот мундијал со него на клупата, ја „брка“ нокаут фазата.