(ВИДЕО) Хаос низ улиците на Атина: Навивач на ПАОК се обиде да запали полицаец

Од:

Денеска во Грција се играше финалето од Грчкиот куп помеѓу ПАОК и АЕК, меѓутоа натпреварот е во втор план поради немилити настани на улиците на Атина.

Грчкото фудалско првенство беше прекинато поради инциденти на натпреварот помеѓу овие два тима, кога газдата на ПАОК, Иван Савидис влезе на терен со пиштол, со кој му се закануваше на судијата поради поништен гол за неговиот тим во 90 минута.

Епилогот од тој настан е тоа што ПАОК остана без титула, а таа замина во рацете на АЕК.

Револтираните навивачи на ПАОК поради тоа предизвикаа хаос низ улиците на Атина. Полицијата ја гаѓаа со пиротехника и молотови коктели.

Грчките медиуми пренесоа видео на кое што се гледа како еден навивач фрла огнена топка директно на полицаец, кој се спаси благодарение на униформата. На полицаецот му се запалија чизмите и пантолоните, но за среќа брзо успеа да ги изгаси.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Грција: Навивачите на Паок го прекинаа солунското дерби во 92. минута, а интервенираше и полицијата

Ана Ололовска

Загоракис неочекувано го напушти челното место во грчкиот фудбал

Ана Ололовска

По тримесечен прекин, на 6 и 7 јуни продолжува грчкото фудбалско првенство

Ана Ололовска

Грчката влада ќе потпише меморандум со Чеферин и Кларк за реформи во грчкиот фудбал

Ана Ололовска

Исфрлање од европските натпревари за грчките фудбалски клубови кои нема да ги почитуваат правилата

Ана Ололовска

ВАР технологија и во грчкото фудбалско првенство