ВАР технологија и во грчкото фудбалско првенство

Од:

Во сабота, на финалниот натпревар од купот на Грција меѓу АЕК и ПАОК, за прв пат, официјално ќе се користи и ВАР (Video Assistant Referee ) технологијата која на есен, со почетокот на првенството, влегува и на грчките фудбалски терени.

Министерот за дигитална политика, телекомуникации и информации на Грција, Никос Папас денес го потпиша договорот со надлежните компании за проектот „Дигитална трансформација на грчкиот фудбал со модерни дигитални средства“, а на прес конференцијата присутни беа и заменикот министер за спорт, Генералниот секретар за дигитална политика, како и претседателот на грчката фудбалска федерација.

Проектот, одобрен од ФИФА е за пет години, се однесува на 1.205 натпревари, на 16 стадиони кои со оптички кабли ќе бидат поврзани со оперативниот центар на фудбалската федерација. Паралелно, во текот на летото ќе се одржи и обука за грчките судии за употребата на ВАР технологијата, за анализа на видеото, за комуникацијата и сл.

– ВАР технологијата ќе го направи уште поубав најпопуларниот спорт во нашата земја и ќе придонесе сите ние помалку да се занимаваме со одлуките на судиите, а повеќе со гледањето, рече министерот за дигитална политика, телекомуникации и информации на Грција, Никос Папас на денешната прес конференција.

Заменикот министер за спорт на Грција, Јоргос Василиадис рече дека денешниот ден е особено важен за грчкиот фудбал, а претседателот на Фудбалската федерација на Грција истакна дека денес станува реалност нивната голема стратешка цел.

– ВАР системот не е само еден систем што може да се користи за да се избегне сомнежот. Преку ова може да се создадат нови услови за целиот фудбал. Денес, протагонист на стадионите е судијата, ова треба да запре, рече Вангелос Граменос, претседателот на грчката фудбалска федерација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во Грција: Навивачите на Паок го прекинаа солунското дерби во 92. минута, а интервенираше и полицијата

Ана Ололовска

Загоракис неочекувано го напушти челното место во грчкиот фудбал

Ана Ололовска

По тримесечен прекин, на 6 и 7 јуни продолжува грчкото фудбалско првенство

Ана Ололовска

Грчката влада ќе потпише меморандум со Чеферин и Кларк за реформи во грчкиот фудбал

Ана Ололовска

Исфрлање од европските натпревари за грчките фудбалски клубови кои нема да ги почитуваат правилата

Ана Ололовска

ПАОК прв непобедлив тим во грчката лига во последните 55 години

Ана Ололовска