Инцидент се случи на кошаркарскиот меч помеѓу Партизан и Црвена Звезда во белградска Арена. Во тепачка учествуваа навивачите на една од фракциите на Партизан, а во еден момент изгледаше дека инцидентот може да земе голем замав.
Neka tuča izbila ispod lože pored jedne od frakcija. Neko se peo i u ložu, ali se pojavila policija ubrzo. pic.twitter.com/RgOz0vaWF4
— Pavle Knežević (@PavleKn) November 17, 2019
Сето тоа беше спречено од полицијата која упадна на трибините и не дозволи тепачката да се прошири и да ескалира.
Според информации на српските медиуми, навивачи се обиделе да се качат во ложата која се наоѓа над трибината.