(ВИДЕО) Грчкиот селектор се расплака по финалето: Мојот најлош потег во животот, извинете..

Од:

Грчката ватерполо репрезентација беше поразена од Унгарија во финалето на Светското првенство и со тоа ја пропушти совршената можност за првпат да ја освои титулата.

Одговорноста за поразот, кој стигна дури по 10:10 во регуларниот дел и седум серии пенали, ја презеде селекторот на Грција, Тодорис Влахос.

Тој се обвинува за потегот при резултат 10:10 на 36 секунди пред крајот кога Грците тргнаа во контранапад, но истиот беше прекинат бидејќи Влахос побара тајм-аут за да ја подготви акцијата.

Во продолжение Грците не успеаја да организираат напад за победа, па беа искористени пеналите од кои како победници излегоа Унгарците.

Грчкиот селектор по мечот пред камерите на националната телевизија призна дека направил голема грешка кога побарал тајм аут, свесен дека го прекинал евентуално победничкиот напад на својот тим.

„Ја направив најголемата грешка во животот, која го реши финалето. Имавме ситуација „два на еден“ да ја погодиме мрежата, а јас побарав тајм-аут..То а е најголемата грешка што ја направив, во толку важен момент за репрезентацијата им се извинувам на моите играчи и на целиот свет“, изјави Влахос видно вознемирен, емотивен, со солзи во очите.

„Се боревме толку многу, бевме толку блиску до целта. Но, наскоро ќе имаме уште една шанса, но оваа беше златна. Ако и покрај се, нашите навивачи се уште не сакаат, тоа е прекрасно. Жал ми е што не успеавме на крајот. Ќе се обидеме да го оставиме ова зад нас“.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он