ВИДЕО: Голден Стејт преку мајсторка до големото НБА финале

Од:

Екипата на Голден Стејт ќе игра во големото финале од НБА лигата откако ноќеска во мајсторката со Оклахома славеше победа од 96:88.

Предводник до триумфот на домаќините беше фантастичниот Стеф Кари со 36 поени на кои додаде и осум асистенции со пет скока. Тој на седмиот дуел од финалето на Западната конференција постигна седум тројки или вкупно 32 во седум натпревари од серијата со што постави нов НБА рекорд.

Првото полувреме припадна на гостите кои на паузата имаа шест поени предност (48:42). Пресвртот се случи во третиот период кога Кари и соиграчите постигнаа 29, а примија само 12 поени и предноста рутинирано ја зачуваа до крајот.

Во поразениот тим се истакна Кевин Дјурант со 27 поени, седум скокови и три асистенции.

„Вориорс“ станаа десеттиот тим кој успеал да се врати по негатива од 1-3 во конференциско финале од НБА лигата. Тие трофејот од ланската сезона ќе го бранат против Кливленд. Првиот дуел од серијата прв до четири победи е ноќта четврток кон петок во Оукленд.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on