(ВИДЕО) Ѓоковиќ за Бекер: Срцето ми се кине

Од:

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, изјави дека срцето му се кине кога гледа низ што поминува неговиот поранешен тренер и голем пријател – Борис Бекер.

Бекер неодамна беше осуден на две и пол години затвор за „кривично дело во банкрот“, бидејќи во 2017 година, кога долговите му беа проценети на 60 милиони евра, одби да го открие својот движен и недвижен имот.

Бекер првите шест месеци ќе ги помине во затвор, а останатите во домашен притвор. Легендарниот Германец моментално е во притвор, а од Ѓоковиќ беше побаран коментар за случајот.

Срцето ми се кине кога гледам низ што минува“, изјави Ѓоковиќ.

„Борис отсекогаш беше љубезен кон мене и моето семејство, а ние имавме одлични односи низ годините и постигнавме големи работи во овој спорт“, додаде тој.

Ѓоковиќ зборуваше за Бекер на прес-конференцијата по победата против Алекс Молкан во третото коло на Ролан Гарос.

„Бев во контакт со еден од неговите синови, Ноа, и прашав дали има нешто што можам да направам, да помогнам, знаете, само да бидам тука за членовите на неговото семејство, бидејќи не можам да дојдам до него. Тоа е страшно. Не знам што да кажам. Мислам, многу ми е тажно што некој што го познавам толку добро и се разбира кој е легенда на нашиот спорт да поминува низ тоа што го поминува, заклучи Новак.

Ѓоковиќ и Бекер соработуваа три години, а во тој период Новак освои шест Грен слем турнири, од кои првпат Ролан Гарос, дури 14 титули Мастерс, како и два пати Завршен турнир.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер