ВИДЕО: Ѓоковиќ се сретна со Вучиќ – за 10 дена ќе каже што се случуваше во Австралија

Од:

Новак Ѓоковиќ му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за поддршката која Србија и институциите му ја пружиле додека беше во притвор во Мелбурн поради проблеми со визите за Австралија.

Претседателот на Србија му се заблагодари на Ѓоковиќ што покажал почит кон Србија и што ја прославил земјата во светот.

-Постои една работа што е непобитна и восхитувачка. Јас и Новак се слушнавме првото или второто утро во Австралија, тоа го кажав попатно, па замолчав – ајде Ноле, врати се, што ќе правиш таму, а потоа видов колку е упорен човекот, колку сака да се бори на спортски терен, да се избори не само за себе, туку и за својата земја и да покаже колку е подобар, изјави Вучиќ.

На прес-конференцијата по средбата со Вучиќ во зградата на Претседателството, Ѓоковиќ оцени дека претседателот на Србија поради ангажманот „веројатно се ставил во компромитирана позиција“ во сферата на меѓународните односи.

-Иако бев сам во притворот во Австралија, не се чувствував осамено. Ја имав, пред се, поддршката од моето семејство и од целиот српски народ. Добронамерни луѓе се јавуваа и се обидоа, јавно и приватно, да го направат мојот престој во Австралија полесен, изјави Ѓоковиќ.

Тој посочи дека Вучиќ и државата Србија немале обврска да му пружат поддршка, дека такво нешто не се подразбира, но дека се цени и почитува.

Ѓоковиќ, кој денеска првпат и се обрати на јавноста по настаните во Австралија, најави дека во следните седум до десет дена ќе се обрати до медиумите со „подетална и појасна“ верзија за настаните пред АО.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер