(ВИДЕО) Ѓоковиќ: Плачев и сакам да се откажам од тенисот

Од:

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека размислувал да престане да се занимава со тенисот.

– За мене, да бидам трет или четврт тенисер на светот не е задоволително. Кога имав седум, осум години, мојот сон беше да бидам најдобар на светот и да го освојам Вимблдон. Се сеќавам дека после поразот од Јирген Мелцер на Ролан Гарос во 2010 година дојдов кај родителите, плачев, не знаев дали вредам, дали треба да продолжам понатаму, рече Новак Ѓоковиќ.

Сепак, по разговорот со родителите, тренерот и членовите на тимот, Новак ја оствари една од највпечатливите доминации во историјата на модерниот спорт, освојувајќи го Дејвис Купот со Србија и три од четири најголеми турнири во следните години.

– Татко ми ми говореше да зацврстам, но тоа не ми беше доволно. Чувствував дека морам уште да размислувам на таа тема. Разговарав со тренерот и со мојот тим. Ми рекоа дека се е во ред, да си земам време колку што ми треба, да дишам длабоко, да се смирам и убаво да согледам, вели Ѓоковиќ.

Тој кажа дека се запрашувал зошто започнал со играњето тенис и за чувствата додека ја игра играта.

– Сакам тенис, без разлика дали станува збор за централниот терен на некој Грен Слем или обичен терен за тренинг, заклучува Новак.

Новак Ѓоковиќ во својата кариера има изиграно точно 100 АТП финалиња, а покрај споменатите 12 ГС титули, има уште 57, од кои 30 се мастерси.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер