ВИДЕО: Ѓоковиќ на чекор до вечноста, 21. грен-слем титула на дофат

Од:

Новак Ѓоковиќ дојде на чекор до тениска историја, ќе се бори за календарскиот грен слем по победата во пет сета над Александер Зверев со 4-6, 6-2, 6-4, 4-6, 6-2 во второто полуфинале на УС ОПЕН. Првиот светски рекет успеа да обезбеди битка против Данил Медведев за рекордна 21-ва грен-лсем титула во кариерата, со која би ги надминал големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер. Со полуфиналниот триумф, Србинот го израмни рекордот на Федерер од 31 пласман во финале на најголемите трунири.

Последната пречка на патот до историскиот подвиг за Ѓоковиќ ќе биде вториот тенисер во светот, Данил Медведев, кој пак немаше проблеми против Феликс Ожер-Алијасим и го надигра во три сета со 6-4, 7-5, 6-2. Русинот по третпат во кариерата ќе игра гренслем финале, односно второ во Њујорк, откако првото го загуби во 2019 година од Надал, а памети и овогодишен пораз токму од Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија.

– Финалето ќе го третирам како последен во кариерата. Ќе ги дадам своето, срце, душа, тело, глава, буквално сè за да победам. Им благодарам на навивачите, атмосферата на трибините беше неверојатна. Ова се моменти за кои живееме, единствена можност за која сонуваме секој ден. Знаев дека ќе имаме голема борба, Саша е голем шампион, некој на кого му се воодушевувам и на теренот и надвор од него. Тој е одлична личност и уште подобар тенисер – изјави Ѓоковиќ по победата.

Би можело да ве интересира

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати

ВИДЕО: Шокантна елиминација на Алкараз од УС Опен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ѓере го предаде мечот, а Ѓоковиќ стана единствениот со 90 победи на УС Опен

ВИДЕО: Одигран е најлудиот меч во историјата на УО Опен