Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе учествува во плејоф за едно Светско првенство, откако вечерва во Скопје го победи Исланд со 3:1 во последното коло од квалификации.
Како се славеа македонските фудбалери може да погледнете во видеото кое ФФМ го сподели на социјалните мрежи.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски во соблекувалната со песната „Земјо Македонска“ го прославија големиот успех.
Извлекувањето на групите за баражот е закажано за 26 ноември.