ВИДЕО: „Францускиот Спајдрмен“ со голи раце искачи кубански хотел

Од:

Алан Роберт, познат како „францускиот Спајдрмен“, се искачи на 27катниот хотел „Хабана Либре“ во кубанскиот главен град без јаже или заштитна опрема. Роберт на своите 50 години го искачи хотелот за пола час.

„Францускиот Спајдрмен“ го одбра токму овој хотел, затоа што во него престојувал Фидел Кастро откако ја презел властта преку ревлуцијата во 1959 година.

– Тоа е кубански симбол, рече Роберт, кој висината не го плашела, туку уништувањето и распаѓањето на фасадата.

Ова му прв зафат во Куба, а до сега освоил згради во 30 држави.

– Искачувањето на зградите е начин да се открие земјата, нејзината култура, вели тој.

Кубанскиот хотел не му беше предизвик бидејќи веќе ги има искачено облакодерниците низ светот, како Емпајр Стејт Билдинг.

Би можело да ве интересира

Викенд на екстремни спортови во Прилеп, првпат рели-крос со џипови

Ана Ололовска

Промоција на Бислимската клисура како центар за екстремни спортови

Ана Ололовска

Skopje challenge extreme festival 2014 – Прв меѓународен турнир во екстремни спортови – Скопје 2014

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Неверојатен подвиг: Скокна со чадор в рака. Исто како славната Мери Попинс

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мисија лудост: Руски авантуристи се искачија на зграда висока 370 метри

Ана Ололовска

ВИДЕО: Со помош на балони преку Атлантикот

Ана Ололовска