ВИДЕО: Фоњини го освои трофејот во Монте Карло

Од:

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини го постигна најголемиот успех во неговата кариера, откако попладнево го освои трофејот на Мастерсот во Монако.

Во финалето на турнирот од Серијата 1.000, Италијанецот беше подобар од Србинот Душан Лајовиќ со 6:3 и 6:4 во меч што траеше еден час и 36 минути.

Фоњини кој пред овој турнир беше рангиран на 18. место на АТП-листата, со новите 1.000 бода, од понеделник драстично ќе го подобри својот пласман и ќе се искачи на 12-тата позиција, највисоко во неговата кариера.

Лајовиќ ќе напредува дури 24 места и од 48 ќе се најде на 24. позиција.

Наградниот фонд на АТП „Ролекс Монте Карло Мастерсот“ изнесуваше 5,2 милиони евра. Од тие средства Фоњини ќе добие околу 960 илјади евра, додека Лајовиќ 485.000.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ