Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го направи второто големо изненадување на Вимблдон, совладувајќи го лесно, во три сета, швајцарскиот ас Роџер Федерер во четвртфиналето на престижниот грен-слем турнир (6:3, 7:6, 6:0). Претходно, Хуркач се покажа како кобен и за Данил Медведев, кого го елиминираше во претходното коло.
По мечот, резигнираниот Федерер, кој се надеваше дека може да стигне до титулата во Лондон и да му „избега“ на Новак Ѓоковиќ во вкупниот број на грен-слем титули, изјави дека не размислува за пензија, но дека „треба да одмори неколку дена“.
Во меѓувреме, светскиот рекет број еден Ѓоковиќ имаше нешто како полесен тренинг во неговиот четвртфинален меч – тој го совлада Унгарецот Мартон Фуксович со 3:0 во сетови (6:3, 6:4, 6:4) и во полуфиналето ќе се сретне со Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој по голема борба успеа да го совлада Карен Хачанов од Казахстан со 3:2 во сетови.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Хуркач и Италијанецот Матео Беретини, кој во четвртфиналето беше подобар од младиот канадски тенисер Феликс Аугер Алиасим.