(ВИДЕО) Един Авдиќ: ФИБА е архаична организација, Македонија е покрадена

Од:

Љубителите на кошарката секако го познаваат коментаторот и спортскиот новинар Един Авдиќ.

Тој веќе подолго време е задолжен за коментирање на НБА, прво работеше на ОБН телевизија, а сега правата за најквалитетната кошаркарска лига ги има Арена Спорт па тој така живее на релација Белград – Сараево.

За изминатиот Евробаскет во Словенија беше ангажиран од Федерална ТВ да ги коментира натпреварите и секако дека ќе остане запаметен по тоа како ги коментираше настапите на Босна и Херцеговина.

Тој во денешното интервју за Source.ba дава осврт и за правилата на ФИБА и секако ги спомна двата натпревара во кои нашата репрезентација беше покрадена.

„ФИБА е архаична организација, каде функционираат некои работи од дамнешни времиња. Не се прилагодуваат на технологијата. Така на натпреварот Македоинија – Црна Гора судиите не можат да ја видат снимката и така Македонија е покрадена. Мирко Бјелица ја влече мрежата, тоа се автоматски 2 поени за Македонија, тоа чиста кражба“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ