Можеби не беа перфектни, но хрватите го најдоа патот до победата, а како клучен фактор за триумфот го посочија голманот Алиловиќ и цврстата одбрана, која го запре македонскиот напад на почетокот од второто полувреме.
Ракометарот на Кил, Домагој Дувњак смета дека Македонија немаше свои опции да направи подвиг.
„Честитки до Македонија за фер и коректната игра. Ние лошо отворивме, имавме 5:9, но потоа ги консолидиравме нашите редови. Бевме многу брзоплети на почетокот, затоа противникот имаше предност. Мислам дека овој натпревар го реши нашата одбрана, на чело со Мирко Алиловиќ, кој денес беше одличен. Во нападот игравме лошо, но во второто полувреме одлично ги искористивме одбраните на Алиловиќ и стигнавме до значајна победа, која ни го гарантира првото место во групата“, рече Домагој Дувњак.