Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан на 17. февруари 2013-та наполни 50 години, но тоа не го спречува во ништо.
Легендарниот кошаркар на Чикаго Булс покажа дека и на 50 години може да „забива“.
Фотографијата и видео снимката се од традиционалниот камп на Џордан кој има логично име „Flight School“.
Многумина кои го познаваат Џордан сметаат дека тој има проблеми со преголемиот натпреварувачки дух, а тоа го потврди и со вклучувањето во емисијата на Џеј Лено минатата година.