Австралиецот со македонско потекло, Александер Волкановски, го загуби шампионскиот појас во перолесна категорија откако на УФЦ 298 настанот кој се одржа во Анахајм, САД, беше нокаутиран од предизвикувачот Иља Топурија.
HE IS KING 👑@TOPURIAILIA IS YOUR NEW FEATHERWEIGHT CHAMPION OF THE WORLD 🇪🇸🏆 🇬🇪 #UFC298 pic.twitter.com/eKRjZsP7yI
— UFC (@ufc) February 18, 2024
Во „Хонда центарот“ во Анахајм победникот беше решен во втората рунда. Топурија беше подобар од самиот почеток, а со десно кроше во втората рунда стигна до посакуваниот појас и го задржа статусот непоразен и по петнаесеттата борба.