(ВИДЕО) Бразилскиот Роналдо „мртов“ пијан – едвај стигна до автомобилот

Од:

Легендата на бразилскиот фудбал, воедно и претседател на шпанскиот прволигаш Реал Ваљадолид – Роналдо Назарио (48) се најде во центарот на скандал откако на социјалните мрежи се појави снимка на која тој излегува од ресторан во Мадрид.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Garcia (@danibigbaam)

Инцидентот се случи само неколку часа по поразот на неговиот клуб од Барселона, што дополнително го разгори гневот на навивачите, веќе фрустрирани поради испаѓањето на клубот од Ла Лига.

Видеото кое брзо стана вирално го објави здружението на навивачи на Реал Ваљадолид. На видеото се гледа како Роналдо очигледно под силно дејство на алкохол се сопнува и едвај одржува рамнотежа додека се спушта по скалите пред познатиот мадридски ресторан. Неговите придружници мораа да му помогнат да стигне до автомобилот, што предизвика уште поголемо негодување и осуда кај навивачите кои и онака ретко го гледаат својот претседател.

Навивачите протестираат против управата на клубот и раководството на Роналдо со недели, а неговото очигледно непочитување на клупските обврски и овој последен инцидент само ги потврдија нивните најлоши стравови.

Она што дополнително ги иритира навивачите е фактот што Роналдо не присуствуваше на клучниот натпревар против Барселона на стадионот „Нуево Хозе Зорила“. Покрај тоа, ова стана негова вообичаена практика во текот на целата сезона.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Интер беше виден во ложата на стадионот на Реал Ваљадолид само еднаш оваа сезона, на отворањето на лигата, против Еспањол.

Наместо да го поддржи својот тим во тешките моменти од борбата за опстанок, Роналдо попладнето го помина на финалето на тенискиот Мастерс 1000 турнир во Мадрид, по мечот меѓу Каспер Руд и Џек Дрејпер. Овој потег многу навивачи го толкуваат како врв на непочитување и јасен знак дека неговите лични задоволства се поважни од судбината на клубот чијшто тој е мнозински сопственик и претседател.

Реакциите на навивачите беа жестоки.

Би можело да ве интересира

Роналдо нема да игра во финалето на Азиската Лига на шампиони

Роналдо не го сакаат во Бразил

А1он

Роналдо и го честита Денот на вљубените на Џорџина со фотографија од почетокот на нивната врска

Предраг Петровиќ