Американката Серена Вилијамс која важеше за прв фаворит за освојување на Грен Слемот „Австралија Опен“, утринава го заврши својот настап на годинашново издание во Мелбурн, откако загуби од својата сонародничка Слоун Стивенс со 2:1, по сетови 6:3, 5:7 и 4:6.
Клучен момент во мечот беше повредата на грбот на Вилијамс во вториот сет. До тој момент Серена имаше водство од 1:0 во сетови и брејк во вториот сет.
Денешната победничка Слоун Стивенс во полуфиналето ќе игра против Викторија Азаренка (Белорусија) која беше поуспешна од Светлана Кузњецова (Русија) со 7:5 и 6:1.
Во другото полуфинале ќе играат Марија Шарапова (Русија) и На Ли (Кина).