Младата студентка атлетичарката Хедер Дорниден успеа да направи нешто неверојатно и да предизвика воодушевување кај многумина.
Таа во тек на универзитетско атлетско првенство водеше во трката на 600 метри. Но на само еден круг пред крајот се сопна и падна, а останатите натпреварувачки претрчаа преку неа и продолжија кон целта.
Но, Хедер не се откажа, се крена и продолжи да трча со ривалките кои беа на околу триесетина метри одалечени од неа, со оглед на тоа што до крајот на трката имаше помалку од 400 метри. таа даде се од себе и со својата победа ги шокираше гледачите.
Е. Г.