ВИДЕО: Антиќ во одбрана на Мекејлеб

Од:

Перо Антиќ беше поуспешен од Лестер Бо Мекејлеб во евролигашкиот дуел на екипите за кои настапуваат двајцата македонски репрезентативци во ова натпреварување.

Антиќ за 16 минути игра постигна 4 поени и 4 скокови во победата на Олимпијакос против Фенербахче Улкер. Во поразениот тим, Мекејлеб го одигра целиот натпревар и имаше ефект од 20 поени 6 скокови и 3 асистенции со што беше меѓу најдобрите во турската екипа.

Црна дамка на оваа средба фрли мал инцидент, кога  Антиќ застана во одбрана на својот репрезентативен соиграч Мекејлеб, кој се најде на мета на дел од грчките кошаркари.


Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он