(ВИДЕО) Антиќ: Не знам зошто сите не сметаа за аутсајдери!

Од:

Во репризен исход од ланското финале, но со далеку поубедлива победа, Олимпијакос на македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ го преслуша тимот на ЦСКА Москва (69-52) во првото полуфинале на Ф4 турнирот на Евролигата во Лондон.

Токму Антиќ (13 поени, 3 скока) беше еден од најзаслужните за славјето на црвено-белите од Пиреја, кои утревечер против Реал Мадрид ќе се борат за зачувување на тронот, откако заедно со Кајл Хајнс беа најефикасни поединци.

Македонскиот ас по победата не го криеше задоволството од успехот, притоа потенцирајќи дека не му е јасно зошто тие ја имаат улогата на аутсајдер, а московјаните беа фаворити.

– Клучниот фактор за успехот беа 40 минути одлична одбрана. Не ми е јасно зошто пред дуелот ние бевме аутсајдери, а ЦСКА фаворити. Читавме како тие лесно ќе дојдат до победа. Но ние докажавме, како и повеќепати сезонава, дека сме тим создаден од борци кои не се предаваат, кои жестоко се борат. Денеска успеавме, и јас сум многу среќен што сум дел од овој прекрасен тим – изјави Антиќ по синоќешната победа.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он