Компанијата „Адидас“ ја искористи целата еуфорија која владее во Велика Британија околу Олимписките игри и се погрижи да ги изненади своите клиенти. Во една продавница тие што купуваа производи на „адидас“ беа замолени да се сликаат во кабината за постер на Олимписките игри. Не се ни сомневаа дека како изненадување ќе дојде екс ѕвездата на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Погледнете ги реакциите на луѓето.