Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) ги избра десетте најубави поени во 2012. година. Најубав е оној на Григор Димитров во дуелот со Троицки.
На второто место се најде полуволејот на Јержи Јанович против Јанко Типсаревиќ во Париз, а трет е поенот на Новак Ѓоковиќ кој го освои против Енди Мареј во Шангај.