Веспрем тргнува по Мојсовски

Од:

Освен германски Гепинген и Вардар, во игра за услугите на Мојсовски се вклучи и унгарскиот тим во кога тие гледаат наследник на Габор Чазар.

Оваа недела за Наумче Мојсовски ќе биде навистина тешка, бидејќи треба да треба да реши каде да ја продолжи кариерата. Му завршува договорот со Металург, кој сака да го задржи, но истовремено за неговите услуги се заинтересирани и Вардар и Веспрем. Унгарскиот тим веќе имал контакти со репрезентативецот, кој би можел да биде третиот Македонец што ќе игра таму, по браќата Лазарови.

Унгарците бараат замена за Габор Чазар кој на лето заминува за Франција, во новиот „дрим тим“ на ПСЖ.

„Неделава ќе имам разговори со Металург. Сепак тука играм и би било фер со нив прво да разговарам. Потоа би дошол Вардар. Од Унгарија добив конкретна понуда за две годишен договор. Тоа е навистина одличен договор и подобар од сегашниот. Но, нема да решаваат само парите при изборот на клубот“- вели Мојсовски.

Меѓу понудите е и онаа од германски Гепинген.

„Па откако ја добив оваа од Веспрем, решив да „оладам“ за Германија. И нив ги замолив да почекаат неделава да решам“- вели Мојсовски.

Тој досега постигна 55 гола во групната фаза од ЛШ, и е најдобар стрелец. Три сезони е во Автокоманда, а само еднаш играше во странство во Натурхаус во Шпанија, по што се врати дома.

По мечот со Ловќен во СЕХА-лигата, Мојсовски се врати дома, бидејќи има болки во средниот прста на раката. Уште на мечот со Слога го повреди, игра со бандажирана прст, но сепак повремено чувствува болка.

„Треба да се сочувам за мечот со Динамо Минск во Лигата на шампионите. Но ќе играм и во среда на мечот со Мешков, ако е неопходно. Сепак ЛШ е поважно сега, и треба да бидам подготвен за тоа“- вели Мојсовски.

На 14 март првиот меч од осмина-финалето на ЛШ со Динамо се игра во Минск, а реваншот е на 23 март во Скопје.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ