Петкратната шампионка на Вимблдон, Венус Вилијамс нема да настапи на престојното издание на неофицијалното светско тениско првенство.
Третиот Гренд Слем турнирот кој започнува во понеделник, Американката ќе го пропушти поради повреда на грбот.
Проблемите со повредата на веќе подолг период ја мачи Венус која поради истата го откажа својот настап во двојки со својата сестра Серена на Гренд Ссмемот во Париз.
33-годишната Венус за прв пат настапи на Вимблдон во 1997 година и од токаг па во наредните 16 години секогаш беше една од фаворитките за шампионскиот трофеј, кој успеа да го освои во пет наврати и тоа: 2000, 2001, 2005, 2007 и 2008 година.