Велика Британија трет полуфиналист во Дејвис Купот

Од:

Британската тениска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот, откако попладнево Кајл Едмунд го победи победи Душан Лајовиќ со 3-1, по сетови 6:3; 6:4 и 7:6 и донесе недостижни 3-1 во четвртфиналната пресметка со Србија.

Претходно полуфинале во Дејвис Купот изборија Аргентина и Франција по водството од 3-1 против Италија, односно Чешка.

Последниот четвртфинален двобој е меѓу САД и Хрватска. Американците водат со 2:1 пред првиот меч од третиот ден закажан за вечер од 23:10 во Портланд.

Британците кои ја бранат титулата во полуфиналето ќе играат против Аргентина.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Франција и подобриот од дуелот во Портланд.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен