Велешки пливачки маратон викендот на езеротo „Младост“

Од:

На велешкото езеро „Младост“ претстојниот викенд ќе се одржи Вториот велешки пливачки маратон. Организатори на маратонот се општина Велес, Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“, Пливачката федерација на Македонија и Општинската организација на Црвен крст Велес со тим на Службата за безбедност на вода.

Роберт Папазов од КК „Бабуна“ денеска истакна дека на првиот ден од пливачкиот маратон ќе се натпреваруваат триесетина рекреативци од Велес, Скопје и Штип.

На вториот ден од маратонот во олимписката дисциплина 10 километри во машка и женска конкуренција, а која е дел од Македонскиот Куп во далечинско пливање, ќе се натпреваруваат врвните пливачи Евгени Поп Ацев и Александар Илиевски, а покрај нив и уште триесетина професионални пливачи од пливачките клубови од земјава.

За безбедноста на овогодинешниот маратон ќе се погрижат триесетина спасувачи од службата за безбедност на вода при Општинската организација на Црвен крст од Велес.

За најдобрите ќе бидат доделени признанија и пехари од организаторите.
Инаку, Велешкиот пливачки маратон годинава е дел од културната манифестација „Велес –Град на куктурата 2015“, а во тие рамки ќе се одржи и богата културно-уметничка програма, најавија организаторите.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски