Кошаркарот Двејн Вејд и официјално е нов член на Чикаго Булс. Тој потпиша двегодишен договор со „биковите“ вреден 47 милиони евра.
По импресивна 13-годишна кариера во Мајами, Вејд одлучи кариерата да ја продолжи во Чикаго. Во НБА кариерата има постигнато повеќе од 20.000 поени, а 12 пати беше дел од „Ол-стар тимот“.
Во Чикаго веруваат дека по заминувањето на Пау Гасол, Дерик Роуз и Жоаким Ноа, Вејд ќе биде вистински лидер во следниот период.
Вејд има три шампионски прстени и една награда МВП од финалето на плеј-офот пред десет години.