Вавринка и Гофин изборија осминафинале на турнирот во Мајами

Од:

Првиот носител Стан Вавринка (Швајцарија) се пласира во осминафиналето на АТП турнирот во Мајами, САД, откако ноќеска забележа победа на Алжирецот Малек Жазири со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4.

Успешен настап во третото коло имаше и Давид Гофин (Белгија) кој во претпоследниот дуел од ноќешната програма го победи Аргентинецот Диего Шварцман со 2-1 (4:6, 6:3 и 7:5).

Вавринка во следната рунда за противник ќе го има Александер Зверев (Германија), а Гофин ќе игра со Ник Кирјос од Австралија.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ