Вавринка го освои трофејот на УС Опен

Од:

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка е победник на Грен слемот УС Опен, откако ноќеска во финалето беше подобар од првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови.

Српскиот тенисер го доби првиот сет во тајбрејк 7:6 (7:1), а потоа следуваше доминација на Швајцарецот. Најпрво го доби вториот сет со 6:4, во третиот беше 7:5, а во четвртиот 6:3.

Ѓоковиќ не успеа да го одбрани тронот во Њујорк, а Вавринка го освои третиот трофеј од Грен слем турнирите.

Швајцарскиот тенисер го задржа стопроцентниот ефект во финалињата на големите турнири, додека Ѓоковиќ остана на 12 Грен слем трофеи од вкупно 21. финале.

Воедно, за Вавринка ова беше вкупно 15.трофеј во неговата кариера.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен