Кратко траеше сагата на бугарскиот тенисер Григор Димитров на турнирот во Мадрид. По победата над Ѓоковиќ ,Димитров беше приземјен од швајцарецот Станислас Вавринка кој во интересен меч славеше со 2-1. По сетови 3-6,6-4 и 6-1.
Димитров одлично го одигра првиот сет кој го доби со 6-3. Во вториот се водеше голема битка за секој поен и откако Вавринка го одби нападот во 7. гем на свој сервис мечот го смени текот и мина во доминација на швајцарецот кој потоа лесно стигна до победата.
Во последниот меч на вечерта Енди Мари со многу проблеми го елиминира Жил Симон во 3 сета.
Французинот доминираше во првиот сет со 6-2. Во вториот уште на стартот направи брејк, но тоа беше знак Мари да се разигра и да го добие мечот со 2-6, 6-4 и 7-6.