Ватерполистите на Србија со победа над Црна Гора до бронза

Од:

Ватерполистите на Србија ги победија Црногорците со 12:11 (3:2, 1:3, 4:5, 4:1) на олимпискиот турнир и го освоија бронзениот медал.

Црногорците на 6 и пол минути пред крајот на натпреварот имаа три гола предност, а Србија со серија 4:0 успеа да направи пресврт и да стигне до победа.

Овој меч претставуваше реприза на натпреварот од Олимписките игри во Пекинг каде Србија исто така ја победи Црна Гора во борбата за третото место со 6:4.

Ова беше втор натпревар помеѓу Србија и Црна Гора во Лондон. Овие две екипи се сретнаа во групната фаза на натпреварите кога играа нерешено 11:11.

Ватерполистите и го донесоа 4-от медал на Србија од овие Олимписки игри во Лондон.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он