Вашингтон и Голден Стејт поведоа со 1-0 во конференциските полуфиналиња

Од:

Екипите на Вашингтон и на Голден Стејт поведоа со 1-0 во добиени натпревари во полуфиналето од НБА плеј офот против Атланта односно Мемфис.

Во дуелот од „Исток“ Вашингтон славеше победа на теренот на Атланта со 104:98 и со тоа ја продолжи низата од триумфи во плеј офот откако претходно го победи Торонто со 4-0.

Вашингтон во вториот дел одигра подобро во одбраната и тоа беше клучот на победата. Атланта во првото полувреме постигна 63 поени, а во вториот дел 35.

На вториот натпревар одигран синоќа на „Запад“ Голден Стејт го совлада Мемфис со 101:86. Домашниот тим победата ја обезбеди во првите три периоди кои успеа да ги добие (32:25, 29:27 и 22:14) и водеше со 17 поени разлика (83:66).

Вечерва се играат првите полуфинални дуели меѓу: Кливленд – Чикаго (Исток) и Хјустон – ЛА Клиперс (Запад).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on