Вардар со победата над Загреб избори финале во СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Вардар ја продолжија традицијата и во четвртото меѓусебно полуфинале против Загреб во СЕХА лигата ја постигнаа четвртата победа. „Црвено-црните“ триумфираа со 36:28 и се изборија за своето петто финале во ова натпреварување на шест завршни турнири.

По 2:2 на почетокот на натпреварот „вардарци“ направија серија од 4-0 за водство од 6:2. Оваа разлика нашиот првак ја одржуваше во текот на поголемиот дел од првиот дел, а во 28.минута беше и +6 (17:11). На полувреме Вардар ја имаше највисоката предност во првиот дел од 19:12. Тимот на тренерот Раул Гонзалез одигра ефикасно во нападот со само три промашувања и исто толку технички грешки. Во првото полувреме голманите на двата тима заедно имаа вкупно три одбрани (Арпад Штербик – 1, Иван Стевановиќ -2).

Во второто полувреме во 54.минута Вардар имаше и девет голови предност по водството 32:23. Најефикасни кај Вардар беа Иван Чупиќ со 8 и Вуко Борозан со 6, додека кај Загреб Златко Хорват постигна 8 голови.

Во второто полуфинале од 20 часот играат шампионот на СЕХА лигата Веспрем и домаќинот Мешков Брест, а во недела во истиот термин се игра финалето во кое Вардар го чека победникот од второто полуфинале.

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица