Вардар со комбиниран тим против Нексе

Од:

По вчерашниот бурен ден во редовите на македонскиот ракометен шампион Вардар и прекинот на соработката со тренерот Зоран Кастратовиќ, денеска екипата ја очекува нов натпревар во СЕХА лигата.

Во Скопје за кус временски период Нексе (Хрватска) ќе игра нов натпревар откако во саботата со Металург одигра нерешено (24:24).

По смената на Кастратовиќ Врадар на денешниот натпревар ќе биде предводен од неговиот досегашен помошник Андон Бошковски.

– Ова нема да биде лесен натпревар. Нексе е квалитетен состав што го покажа и на дуелот со Металург. Но, ние мора да одиме на победа што ќе биде многу важно во пресрет на неделниот натпревар со ПСЖ од Лигата на шампионите, изјави Бошковски.

Како што најави на вчерашната прес конференција претседателот на клубот Сергеј Самсоненко, вардарци ќе настапат без неколку стандардни играчи: Тимур Дибиров, Матјаж Брумен, Алексеј Растворцев, Петар Ангелов и уште еден до двајца играчи.

Од 6.коло денеска се игра и натпреварот Војводина – Ловќен, додека утре и вториот македонски претставник Металург го игра натпреварот од оваа рунда. Во Скопје ќе гостува Партизан.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ