Ракометарките на ЖРК Вардар ја совладаа екипата на ЖРК Стружанка со 27:18 (16:12) во првиот полуфинален натпревар на Купот на Македонија, што денеска попладне се одигра во спортската сала во Куманово.
Најефикасни во победничката екипа беа Ангела Костовиќ со 7 и Мирјана Петковска со 5 голови, додека пак кај екипата на Стружанка, Теодора Маркоска постигна 7.
Противник на вардарки ќе им биде подобриот од вечерашниот втор полуфинален натпревар помеѓу екипите на домаќинот ЖРК Куманово и ЖРК Металург од Скопје
Финалето на програмата е во сабота со почеток во 16:00 часот.